Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Манасиевски: Ги градиме темелите на земјоделството, доаѓа времето на Македонија

Во првите 12 месеци од работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првите 12 месеци од работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги постави темелите на вистинскиот развој во земјоделството преку навремени и редовни исплати на субвенциите, подобрени откупни цени и услови, реформи и силна поддршка за земјоделците, преку најавени мерки за зголемување на земјоделството кај младите, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

До пред само една година главни вести беа протести пред Влада, протести на регионалните и локалните патишта, кога заради ниските откупни цени се фрлаше храна на депонии. Каналите кои требаше да служат за наводнување беа руинирани и неисчистени, субвенциите доцнеа и имаше неисплатени средства дури и до 2018 година. Платите на голем број институции под МЗШВ беа нередовни. Едноставно, земјоделците беа заборавени на маргините.

За само една година, исплатени се над 8.6 милијарди денари заостанати и тековни субвенции, со што над 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Во делот на земјоделското земјиште, склучени се вкупно 2.109 договори за закуп на државното земјиште со вкупна површина од околу 6000 хектари.

Реклама

Откупната цена на тутунот од прва класа е зголемена од 375 на 400 денари по килограм, а субвенцијата од 80 на 100 денари. Во 2024 година за прв пат се утврдени и постигнати рекордни откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје – Вранец и Смедеревка. Објавен е јавен повик за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделската дејност“, со доставени 254 апликации. Министерството овозможи силна поддршка за научно-образовните институции, со вкупна вредност од 61.500.000 денари.

Поддршката е доделена и на здруженија за организирање на локални настани и манифестации, во 2024 година – 56 здруженија со вкупна поддршка од над 6.600.000 денари и во 2025 година – 54 здруженија со вкупна поддршка од над 10 милиони денари. Во првиот квартал од 2025 година е регистриран раст на откупот и продажбата на земјоделски производи, како и раст на извозот од 5 проценти.

Почитувани,

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека земјоделецот повторно има партнер во институциите. По години на застој, се враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, рече Манасиевски.