Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Анонимизиран формат во заштитена дигитална средина, Јанев појасни како ќе изгледа издавањето судски наредби за посебните истражни мерки

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, денеска присуствуваше на настан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, денеска присуствуваше на настан во организација на Оперативно-техничката агенција (ОТА) кој имаше за цел да го поттикне користењето на акредитираната платформа за пренос на класифицирани информации.

-Пред присутните порачав дека ова не е проект за удобност, туку проект за иднината. Ние не градиме само дигитален канал, туку воспоставуваме нов систем на доверба меѓу институциите во кој секоја одлука е евидентирана, секоја наредба заштитена, а секој чекор проследен со отчетност. Тоа е моделот што сакаме да го оставиме за идните генерации на истражители, обвинители, судии и бранители на правдата, вели Јанев.

Тој посочува дека дигитализацијата е неопходна не заради тренд, туку заради безбедност, ефикасност и праведност.

Реклама

-Ако сакаме да се справиме со организираниот криминал, мора прво да изградиме современи, отпорни и ефикасни системи кои ќе ги поддржат институциите. Се заблагодарувам на ОТА за техничката поддршка, на обвинителствата и судовите за нивната професионалност и на сите што ја препознаваат вредноста на оваа иницијатива. Ова не е само технолошка надградба, туку е заеднички проект, заедничка обврска и визија за поефикасен и побезбеден систем. Со заедничка и посветена работа можеме да изградиме сигурна, модерна и транспарентна безбедносна рамка – во интерес на институциите, но пред сè во интерес на граѓаните, објави Јанев.

Директорот на БЈБ во своето обраќање нагласи дека воведувањето на овој систем ќе го редефинира начинот на кој се доставуваат и разменуваат строго доверливи судски наредби – со фокус на посебните истражни мерки, согласно член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка.

-Тоа што досега беше бавен и ранлив процес, со премногу раце и премалку отчетност, денес го претвораме во затворен, автоматизиран и безбеден дигитален систем, каде секој потег е евидентиран, секој документ е заштитен, а секоја минута е добиена – за акција, за вистината, за правдата. Овој систем е повеќе од технолошко решение – тој е вредносна одлука, истакна директорот Јанев.

Јанев го прецизираше процесот како ќе изгледа во пракса.

-Министерството за внатрешни работи ќе изготвува предлози за посебни мерки и ќе ги испраќа по електронски пат до обвинителството. Обвинителството ги разгледува и ги проследува до судот, кој потоа електронски ја носи одлуката. Судските наредби се враќаат – една до МВР, друга до ОТА – Скопје, во анонимизиран формат. Сè се одвива во заштитена дигитална средина – без хартија, без чекалници, без ранливи човечки алки, заврши директорот Јанев.