Реклама
Македонија

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар во заминување, Герасимовски – гради без закон, троши без логика

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес-конференција обвини дека градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес-конференција обвини дека градоначалникот на Центар одредовите на СДСМ и во заминување, Герасимовски дека гради без закон и троши без логика.

„Додека граѓаните на Општина Центар секојдневно се соочуваат со урбанхаос, нефункционални сервиси и затворени јавни простори, градоначалникотна СДСМ во заминување, кој ја бетонизираше Општина Центар, зад себе остава траг на недомаќинско работење, сомнителни јавни набавки имилионски трошоци што не даваат резултати“, рече на денешната пресконференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

„Државниот Завод за Ревизија утврдил сериозни слабости во финансиското работење на Општина Центар за 2023 година. Според Извештајот општината има ненаплатени побарувања од над 4,4 милиони евра, без утврдена рочнаструктура или правна можност за наплата.

Реклама

Дополнително, во делот на јавните набавки се констатирани бројнинеправилности кои го нарушуваат принципот на конкуренција итранспарентност, предвидени во законот за јавни набаки“, додаде Мемов.

„Во продолжение ќе изнесеме неколку скандали:

СКАНДАЛ број 1: Детската градинка „Пролет“ – 218 милиони денари заобјект без законска основа. Проектот започнат со договор од 154 милиониденари, завршил со 218 милиони денари, преку серија анекси бездокументирано техничко и економско оправдување.

• 30 милиони денари за „непредвидени“ работи, без образложение зошто тиене можеле да се планираат однапред.

• Промени во проектот – без дополнување на основниот проект, безсогласност од проектант, без правна ревизија.

• Нема проект на изведена состојба, ниту целосна ревизија на ситепроектни фази. Ова не е само административен пропуст – ова е флагрантнокршење на Законот за градење и потценување на граѓаните.

СКАНДАЛ број 2: Реконструкција на ул. Аминта Трети – 43 милиони денариза улица со нефункционален водовод

Цели 43 милиони денари, со дополнителен анекс од 6 милиони, билепотрошени за реконструкција на улица каде:

• ЈП Водовод и канализација одбива да ја преземе новата мрежа, порадиниза технички грешки.• Новиот водовод не е поврзан со постојните системи, што, како што велијавното претпријатие, „ја губи смислата на проектот“.

• Не е спроведен технички прием, ниту е извршен катастарски упис –објектот де факто не постои за државата.

• Договорот дозволува казнување и активирање на гаранција, но општинатане презема ништо!Скандал број 3: Гориво без трага и докази

Исплатени се 888.000 денари за гориво – со налози што немаат податоци задестинација, цел, или авторизација. Нема фискални сметки, немазаписници, само фактури од добавувачи. Притоа, нема ниту еден акт штоуредува како и кога се користат службените возила.

Правилникот за тоа едонесен дури во текот на 2024 година – предоцна за да се прикриенаправената штета.Скандал број 4: Адвокатски услуги платени како месечна претплата заNetflix

Во текот на 2023, Општина Центар платила 984.000 денари на триадвокатски друштва врз основа на паушални месечни надоместоци. За овие исплати не постојат конкретни извештаи, докази или спецификации за тоашто точно е сработено. Законски, адвокатите имаат право на надомест самопо основ на извршена работа – но овде, очигледно се плаќа за„дежурство“, а не за услуга“.

Портпаролот Мемов нагласи дека ова не е само нестручност.„Ова е хроничен институционален немар, при што парите на граѓаните сетрошат како да се ничии. Сето ова е опфатено во ревизорскиот извештај за2023 година. Замислете само што ќе се открие за 2024 – година во којаградоначалникот во заминување, свесен за сопствената неспособност инеминовниот изборен пораз, уште порелаксирано и понетранспарентно гитроши јавните пари“, велат од ЗНАМ.