Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Дурмиши: Нов закон за поголема безбедност во угостителските објекти, построги услови за лиценца и редефинирање на работата на инспекторите

Владата подготвува нов закон за поголема безбедност во угостителските објекти, кој претполага…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата подготвува нов закон за поголема безбедност во угостителските објекти, кој претполага построги услови за добивање лиценца и редефинирање на работата на инспекторите, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој открива и дека македонските  ќе се усогласат со европските закони за угостителски објекти.

-Трагичниот настан во Кочани ни покажа дека безбедноста во угостителските објекти мора да биде приоритет. Во таа насока работиме и овие денови доставен е до влада новиот Закон, каде што се предвидуваат построги и поригорозни критериуми за давање на лиценца и редефинирање на надлежностите на инспекторите, кои ќе мораат на терен да утврдуваат дали се исполнуваат минималните технички услови или не и да преземат одговорност и да не известат дека – „Да, сме биле на терен и странката ги исполнува минималните технички услови“, па понатаму ние да продолжиме со процедурата, посочи минситерот за економија и труд.

-Целта ни е угостителските објекти да функционираат безбедно со максимална заштита на здравјето и живото на луѓето кои што ќе ги посетат угостителските објекти, потенцира Дурмиши и истакна дека во рамки на ова и во насока на оваа работа Владата е во првата фаза на отпочнување на проект заедно ео ЕУ,  кој што ќе трае минимум една година и чија цел е донесување на нов закон кој ќе се хармонизира или усогласи со Законот за угостителски објекти кој е во сила во европските земји.

Реклама

Видеото погледнете го на следниот линк: