Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Македонија бележи раст од над 20% на странски туристи

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од 2025, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи ваквиот тренд, се очекува дека бројот ќе достигне околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава, според пресметки на локалните туристички работници. Ова би можело да донесе приходи до 500 милиони евра и важно е државата и бизнисите да инвестираат во инфраструктурата, зајакнување на туристичките капацитети, развој на одржлив туризам и рамномерен регионален развој за да го одржат темпото и да извлечат максимум корист.

Во услови на зголемен развој на туризмот, зголемен број на институции и организации кои работат во делот на туризмот, како и зголемен туристички промет, а посебно имајќи ги во предвид меѓународните трендови за развој на одржлив туризам како и заложбите од страна на Владата на Македонија за развој на туризмот, се наметнува потреба од реформски мерки во насока на градење ефективен систем на туризмот и создавање поврзана функционална целина која има за задача да одговори на потребите на туристичката дејност и туризмот. За таа цел Министерството за култура и туризам презема низа реформски и организациони мерки, за што  во моментов се одвива процес на преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот  и екипирање на секторот во рамки на министерството со што Министерството за култура и туризмот станува адреса за обраќање за туристичкото стопанство.

Има повеќе фактори што ја определуваат насоката на развој на туризмот. Основно што оваа Влада настојува да постигне е Македонија да стане вистинска туристичка земја, за што силно се залага Министерството за култура и туризам и министерот Љутков. А, тоа се постигнува со создавање услови со кои на еден гостин ќе му биде овозможено да дојде во допир со нашата култура, традиција и природна убавина.

Реклама

Првите четири месеци од 2025 година ја потврдуваат позитивната насока на македонскиот туризам. Динамиката за 2025 година ветува, Македонија се позиционира како атрактивна, достапна и гостопримлива дестинација на Балканот. Последните официјални податоци за туризмот покажуваат значителен пораст на странски туристи, и тоа во месеците кои традиционално не се сметаат за туристички пик. Овој тренд ја потврдува позицијата на Македонија како дестинација која нуди уникатни туристички доживувања во текот на целата година. Туристите од Турција и понатаму се најбројни, со учество до 42% меѓу странските гости и постојан раст. Србија покажува исто така забележителен подем, односно раст од 20–30%, особено во Скопје и Охрид. Раст бележат и Германија, Грција, Хрватска и Романија, кои остануваат меѓу првите 10 пазари. Пазарите како Бугарија, Албанија и Словенија се стабилни, додека кај држави како Косово, САД, Италија и Холандија не се забележани значајни промени.