Реклама
Македонија

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив

Реториката на Бугарија е сосема опасен и спротивен наратив, од оној што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реториката на Бугарија е сосема опасен и спротивен наратив, од оној што го заземаат ЕУ и НАТО – нејзината реторика наликува на некои трети страни, кои сакаат нестабилност во регионот. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја повика Софија да се однесува рационално, посебно по дебаклот кој и се случи во Европскиот Парламент, каде се обидуваше во извешатајот за Македонија да стои дека сме модерна нација СО СОВРЕМЕН ЈАЗИК.

Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад. Ние не сме избрани од нашите граѓани и немаме легитимитет да ја судиме и анализираме, тоа е работа на историчарите и академиците. Ние сме избрани да носиме раст и развој. Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши силе се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земи, кои за жал поради таквиот однос се се повеќе оддалечени едни од други историјата, рече министерот Муцунски.

Муцунски е дециден дека кај огромно мнозинство земји во ЕУ има силно разбирање за нашите длабоки фрустрации и блокади со кои се соочуваме на патот кон Блокот.

Реклама

Нашата држава како земја со статус кандидат, прави се што може да развие еден реален дискурс во рамките на сите европски институции за создавање свест за она што и се правело на оваа држава повќе од 30 години, но и свест за контекстот за тоа што и се прави сега во ова време во кое живееме со вистински турбуленции. Ние сакаме пат напред кон ЕУ. Да дискутираме за компромис, но сакаме да дискутираме и за предвидливост односно гаранции по хипотетичко согласување за некој компртомис. Затоа велиме имаме неколку многу јасни црвени линии од кои нема да отстапиме, додаде Муцунски.

Според Владата, Македонија останува посветена на европскиот пат, но тој мора да биде заснован на заемна почит и гаранции за зачувување на националниот идентитет и јазик. Евроинтеграциите не треба да бидат средство за уцена, туку можност за нови перспективи, продлабочена соработка меѓу државите и унапредување на безбедноста на регионот и Европа.