Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Трипуновски очекува да се намали увозот на храна

Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна, рече денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот.

Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство има прогрес во квантитетот и откупната цена.

Со извозот на пролетната зелка, укажа министерот, само од една откупна сезона имаме двизен прилив од 30 милиони евра, што значи дека домашната потрошувачка е задоволена и плус сме извезле надвор од државата. Упати и на податоците од Државниот завод за статистика дека извозот на земјоделските производи, во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани, бележи раст од пет проценти или околу 11 милиони евра повеќе.

Реклама

– Верувајте дека за една годна не може да се врати во нормала тоа што е десет години е деградирано. Имаме сериозно зголемување и кај останатите земјоделски култури, имаме зголемување на површините под јачмен и под пченица. За потсетување, во минатото гледавме како еден премиер и министер излегуваа на прес-конференција и кажуваа дека е успех тоа што е увезена пченица од Србија. Како и минатата и оваа година работиме преку конкретни мерки да го зголемиме прозводството на пченица како еден од постратешките призводи. Интенцијата и показателите се дека веќе во најголем дел од земјоделското производство имаме прогрес во квантитетот и опткупната цена, што нормално треба да биде на задоволство на земјоделците бидејќи тоа е дополнителен стимул да влезат во процесот на зголемување на површините и во делот на продажбата. Истото е и кај тутунот и кај другите култури. Она што мене ме радува е дека првичните чекори што беа преземени изминататата година навистина покажуваат сериозни резултати, рече Трипуновски.

Во отчетот министерот истакна дека се извезени околу 13.000 тони јаболка во првите два месеца годинава, за 82 проценти повеќе од истиот период лани, зголемена е откупната цена на тутунот од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, како и за најзастапените вински сорти грозје, Вранец (20,8 денари за килограм) и Смедеревка (18,3 денари за килограм).