Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан и изјава беше токму од Клиничката болница во Штип, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Македонија одговарајќи на пратеничко прашање.

Премиерот Мицкоски рече дека состојбата во здравството која ја затекнала била хаотична.

– Она кое што го затекнавме во здравството навистина беше една алармантна состојба. Состојба во која што владеело буквално безредие и хаос, долгови натрупани, изјави тој.

Реклама

Премиерот Мицкоски го искоментира и вчерашниот отчет за сработеното во Клиниката за детски болести каде што рече дека некои работи мора да се направат и со малку пари.

– Некогаш работите можат да се направат и без пари или јас би рекол со многу малку пари. Еве самите го споменавте вчерашниот ден и мојата посета на Клиниката за детски болести и она кое што на луѓето најмногу им остави впечаток е дека клиниката беше исчистена. Во која смисла исчистена? Најпрво од хигиенски аспект, но исчистена беше и од аспект на тоа дека беа исфрлени 50 тони дигитален отпад. И тоа е однесено да се рециклира со компанија. Просто беше неверојатно тоа што го гледавме, како изгледало претходно и како изгледа сега, балконите на клиниката биле натрупани со стари компјутери, принтери, тоа беше една хаотична слика. И тоа е една од тие 11 работи кои што ги направил директорот за тие 11 месеци, вели Мицкоски и истакна дека вкупно проектите кои биле презентирани чинеле 40 милиони денари.

Премиерот Мицкоски посочи дека со кредитот од стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе се вложат над 200 милиони евра во здравството за изградба и реконструкција на клинички болници.

– Сакам да споменам дека повеќе од 200 милиони евра од кредитот ќе бидат инвестирање во довршување на штипската клиничка болница, изградба на Медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Исто така изградба на болница во Кичево и целосна реконструкција на клиничката болница во Тетово и опремување за да можат да одговорат на потребите на пациентите, кажа Мицкоски и додаде:

– Откако ова ќе биде завршено ќе преанализираме за потребите на оној фамозен Клинички центар кој што конечно треба да се изгради, иако ќе ве потсетам дека во 2017 година постоеше завршена постапка, избран изведувач за што сега сме и на арбитража, и тогашната Влада влезе и во нивен стил како што тие само знаат да го направат, го прекинаа договорот, го избркаа изведувачот и сега сме ние на арбитража и најверојатно поради таквото неодговорно однесување од владата на СДСМ и ДУИ, граѓаните ни криви ни должни ќе треба да плаќаат оштета, исто како што сега треба да го плаќаме оној солидарен данок 50 милиони евра зошто незаконски им бил одземен на фирмите од страна на претходната влада.

Премиерот Мицкоски истакна дека здравството е главен приоритет на Владата.

– Факт е дека здравство било на маргините, факт е дека најголем проблем за граѓаните, и исто така е факт дека е еден од нашите главни приоритети, порача Мицкоски.