Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

„Азески: Гаранцијата од Обединетото Кралство е сигнал за стабилност и поттик за економијата“

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, смета дека гаранцијата што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, смета дека гаранцијата што Македонија ја добива од Обединетото Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи Обединетото Кралство се значаен фактор во светот и на политички и на економски план.

„И ваква една земја да гаранатира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите, а и за економската активност“, вели Азески.

На економски план, како што додава, секоја инвестициона активност за нас е добредојдена бидејќи без нејзе не може да се остварат двете начела на бизнисот, а тоа се компаните да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард, вели претседателот во ставот искажан за инвестициската клима.

Реклама

Азески става акцент и на капацитетот на државата да ги искористи парите понудени согласно гаранцијата но и за капацитетот на домашните компании да се вклучат во инвестициските активности. Посочува дека Стопанската комора во овој период е целосно насочена кон тоа да им помогне на компаниите да ги оспособи непречено да се вклучат во таа работа и дека за секој нов проблем со кој фирмите ќе се соочуваат Комората ќе се вклучува во изнаоѓање решение.

„На пример, за заедничкиот настап на компаниите за учество на меѓународните тендери градиме конзорциуми и иницираме формирање конзорциуми, вели претседателот Азески, а кај образованието за потребите на бизнисот работиме на формирање на кадар онаков како што бараат компаниите. Работиме и на поддршка на компаниите за заеднички настап на трети пазари, заедички производи, на извозната активност“, вели Азески.

Тој посочува дека железницата е рак рана на македонската инфраструктура, а ние се наоѓаме на коридор кој има транзитна позиција и е значаен за поврзување на Централна Европа и Медитеранот со Блискиот Исток.

„Само ние уште имаме повисока цена на траспорт со камионски превоз од железнички“, вели претседателот на Стопанската комора.