Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Граѓаните на Општина Аеродром заслужуваат иднина, а не рециклирани, поразени кадри од СДС како Александар Трајановски

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „СДСM се обидува да ја продаде старата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСM се обидува да ја продаде старата политика преку рециклираниот партиски аватар-Александар Трајановски, кој е верна сенка на Зоран Заев и Венко Филипче.

Наместо вистински нов почеток, повторно гледаме ист деструктивен стар режим.

Реклама

Трајановски веќе беше носител на советничка листа во Аеродром, но поразен од граѓаните, а кога едвај успеа да стане советник брзо ја напушти функцијата, оставајќи ги граѓаните без објаснување. Ова не е одговорност – ова е фалш!

Со СДСM наместо решавање на урбанистичките проблеми, уредување на паркови и грижа за комуналните услуги, добивавме следење на партиските цели од централата.

Граѓаните не бараат лична корист, тие бараат резултати, а СДСM со истата неуспешна приказна, а нова етикета, не може да понуди решенија и резултати.

Сега не треба експерименти со рецидив политички провалии, туку силна и транспарентна локална власт.

Жителите на Аеродром добро знаат што значи да бидат оставени настрана и изневерени. Тие не забораваат и затоа ќе кажат: не на Заевизмот во нова обвивка. Тие знаат дека треба да дадат поддршка на кандидат кој е вистински дел од заедницата, ја зборува вистината и има програма што носи конкретни резултати на терен.

Граѓаните не прифаќаат релоадирани партиски лица без конкретна програма и одговорност. Тие избираат вистинска стратегија, а не евтини амбиции продадени како “нов почеток“.“