Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, над 1 милијарда и 255 милиони евра странски инвестиции за поквалитетен живот на граѓаните

Во овие година дена од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овие година дена од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет и фокус на владата беше економијата. Грижа за сите граѓани и посветеност на изградба на економска визија базирана на факти, докази и долгорочно планирање, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Од економија што тоне со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата почна да заздравува и да се стабилизира.

Инфлацијата се стави под контрола. Од двоцифрена инфлација за време на СДСМ и ДУИ до околу 3% инфлација денес преку мерки, проекти и јасна визија.

Реклама

Обезбедени беа 500 милиони евра за поддршка на компаниите и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти. 250 милиони евра за поддршка на компаниите за реализација на инвестициски циклус, и 250 милиони евра за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Во првиот квартал од оваа година се постигна раст на БДП 3,2% што е потврда за стабилизација на макроекономската состојба, забрзување на домашната економија и повисоки стапки на економски раст. Сето тоа Македонската економија ја става на 4-то место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска.

За разлика од минатото, сега има рекордно ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат, и има повисоки плати во администрацијата, здравството, образованието, полицијата.

Се враќаат наследените долгови, целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра.

Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025 година има намалување 4,7 процентни поени во однос на БДП, односно за 36 милиони евра. Намален е и буџетскиот дефицит за 4% од БДП.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги намали царинските стапки. Се намалија царинските стапки за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира мерки и проекти со цел економски раст и унапредување на економија за поквалитетен живот на граѓаните. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.