Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Економија

Димитриеска Кочоска: Постигнат е значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите

Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема „Економски раст и дигитална трансформација“.

Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат финансии и да обезбедат економски раст. Таа нагласи дека е постигнат значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите во образованието и здравството, а бројот на вработени е значително зголемен.

„Во периодот кога го преземавме или влеговме во министерството за финансии состојбата беше катастрофална, буџетскиот дефицит беше веќе 70% потрошен, или парите беа повеќе од 70% реализирани заклучно со 23 јуни, а во однос нели на целата година. Она што беше исто така вознемирувачко во тој момент беше состојбата на девизната сметка која што беше едвај 47 милиони евра притоа однапред знаејќи нели претходната влада дека следи период а тоа е месец јули кога требаше да се сервисира една обврска за јавното претпријатие за државни патишта отприлика во тој износ што значи дека ќе останевме речиси и без средства на девизната смeтка“, рече Кочоска.

Реклама

Кочоска истакна дека со навремен ребаланс и одговорен пристап, успеале да ги покријат сите необезбедени средства и да поттикнат економски раст. Таа потенцираше дека голем дел од законските обврски на претходната влада не беа обезбедени.

„Успеавме преку прераспределби и делумно зголемување на буџетскиот дефицит да обезбедиме 4,1 милијарда денари за плати согласно колективни договори кои што требаше а не ги обезбедија, притоа и во време на избори се потпишуваа колективни договори без притоа да се има обезбедено средства за истото. 5.5 милијарди денари за пензии иако во тој период. Многу често коментираа дека имало доволно средства за пензиите заради нашата променета методологија биле потребно дополнително средства. Не беше тоа точно“, вели Кочоска.

Кочоска истакна дека претходната влада немала предвидено доволно средства дури ни според својата методологија, недостигале 800 милиони денари за загарантираната минимална помош, милијарда и 700 милиони денари за здравството, 1 милијарда за ТИРЗ, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за студентски стипендии. Таа додаде дека не биле обезбедени ниту 300 милиони денари за блок-дотации, ниту 330 милиони за изборни активности, а беа потребни околу 5 милијарди денари за гаранции и покривање на обврски на јавните претпријатија, кои се наоѓаа во сериозна финансиска криза поради неодговорно управување.

„Во еден многу краток временски период, Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3% и тоа повеќе се должи на она што ние го најавувавме во континуитет, а тоа е дека ќе имаме посебно внимание посветено на инвестициите и бруто инвестициите забележаа раст од 18% односно тоа е ефектот од онаа наша мерка пред се 250 милиони евра кои што ги насочивме кон приватниот сектор преку развојната банка коишто до овој момент се искористени половина од нив 125 милиони евра и во исто време раздвижување во делот на капиталните инвестиции“, кажа Кочоска.

Видеото погледнете го на следниот линк: