Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со народни трибини низ целата држава, вечер во Прилеп, ги градиме темелите на Македонија, твоето време доаѓа

По една година од преземањето на одговорноста за водење на владата, ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По една година од преземањето на одговорноста за водење на владата, ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски започнуваат голема акција на јавна отчетност и отворена комуникација со граѓаните – трибини низ цела Македонија под слоганот:

„Ги градиме темелите на промените – доаѓа времето на Македонија“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа иницијатива е израз на нашата определба за транспарентно, одговорно и отчетно работење. Граѓаните имаат право не само да слушнат, туку и да прашаат, да кажат, да предложат свои сугестии, идеи и критики со кои ние ќе станеме подобри и пофункционални. Затоа овие трибини ќе бидат можност да секој еден да учествува, да дискутира и да придонесе, рече Манасиевски.

Реклама

Во продолжение го пренесуваме интегралниот говор на Манасиевски:

„Министрите, премиерот и владиниот тим ќе бидат присутни на трибините. Ќе презентираме што сработивме, што започнавме, со што се соочивме и што следува. Ќе зборуваме за проектите, за реформите, за чекорите напред. Но и ќе слушаме. Ќе слушаме од народот, затоа што нашата политика се темели на гласот и интересот на граѓаните.

Годинава што помина ја посветивме на стабилизирање на државата. Затекнавме хаос, безредие, разрушени темели.

Не почнуваме од нула, туку од минус. И повторно градиме темели на промени.

Одново поставуваме столбови и ги засилуваме носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за секој еден човек. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност и вредности. Земја со која се гордееме.

Сакаме да соопштиме дека првата трибина ќе се одржи денес во Прилеп на градскиот плоштад во 19:30ч, насловена како „Економски раст и дигитална трансформација’’, а потоа следуваат трибини низ сите краишта на Македонија – во градови и села, со сите луѓе кои ја сакаат оваа земја и веруваат дека може подобро.

На првата трибина ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии, Елена Петрова – директорка на Управата за јавни приходи, Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација и Бојан Стојаноски – пратеник во македонското Собрание.

Ова не е само отчет – ова е повик.

Повик за заедничка работа.

Повик за обнова.

Повик за иднина.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

И тоа време започнува – сега“.