Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Отворен ден за граѓаните со министерот за здравство: Еве како да закажете онлајн средба

Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата веб-страница на Министерството за здравство е во функција од вчера, а од наредниот петок, 4 јули, ќе почнат состаноците на министерот за здравство Азир Алиу со оние кои ќе закажат средба. Од денеска веќе може да се закажува средба преку веб-страницата на Министерството за здравство, информираше министерот за здравство Алиу на денешниот брифинг со новинарите.

Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, кои ќе си закажат средба онлајн. Она што граѓанинот, кој сака да има средба со министерот, треба да го направи е да остави име и презиме, телефонски број и тема за разговор со министерот.

Алиу на новинарско прашање одговори дека нема ограничување за темите, за кои што заинтересираните граѓани ќе сакаат да разговаат со него.

Реклама

Страницата е достапна на англиски, македонски и албански, а како што беше посочено на денешниот брифинг ќе биде погодна и за лицата со посебни потреби.

-Работиме на тоа да им пружиме што е можно подобра здравствена заштита на сите лица во земјава. Секоја недела ќе одржуваме прес-конференција и ќе информираме за новите настани, а секоја среда ќе имаме брифинг со новинарите и ќе брифираме за тоа на што Министерството за здравство моментално се концентрира, подвлече министерот.