Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Седници на осум собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за за транспорт, дигитална трансформација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и измените на Законот за воздухопловство, двата по скратена постапка.

Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.

Реклама

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети и во кривична и прекршочна постапка и
Предлог на законот за инспекциски надзор, двата по скратена постапка.

Пред членовите на Комисијата за европски прашања се предлог на законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува Предлог на законот за изменување на Законот за стоковните резерви, по скратена постапка.