Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Нема големо девијантно однесување со цените на пазарот, го следиме процесот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема големо девијантно однесување со цените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема големо девијантно однесување со цените на пазарот. Замислата на Владата, како што вели, е инфлацијата да биде меѓу два и три проценти,  а платите да имаат пет-шест проценти нето реален раст.

Мицкоски вечерва рече дека се согласува со граѓаните дека е скапо и се живее тешко, но вели тоа не проблем што е создаден сега, туку дека е така со децении. Прашањето е, дополнува, дали како потрошувачи сакаме да учествуваме во овој процес рамноправно со оние  кои се продавачи на целиот асортиман во смисла ако тоа што декларирано не е така и да го пријавиме,бидејќи, посочува, имаме каде да го пријавиме.

– Тоа што го правевме беа ад хок решенија, некои од експертите критикуваа, но факт е дека кога ги нудевме  тие  решенија инфлацијата се намалуваше. Сега оставивме еден месец малку се зголеми, но повторно е над 3 проценти. Ние сакаме да биде меѓу два и три проценти, тоа е нашата цел бидејќи  сакаме платите што просечно би растеле девет-десет проценти кога ќе се одземат од инфлацијата да имаат барем пет-шест проценти нето реален раст. Тоа е нашата замисла. Тоа како Влада можеме да го направиме, со контроли, политики, обезбедување здрава бизнис средина, да нема политички притисоци, да нема политичко рекетирање, со мерки кои ќе ги преземеме, дали тоа ќе бидат ад хок, со покачување плати во рамките на можностите, на економијата. Тоа е тоа што ние можеме како Влада да го направиме, рече  Мицкоски.

Реклама

Не може, посочи, работите да се сменат наеднаш, ниту ќе се сменат.

– Ви гарантирам дури и просечната плата да е над 1000 евра повторно ќе се живее тешко и скапо и тоа не можете да го промените но може да го ублажите. Како Влада тоа го правиме и ќе продлжиме тоа да го правиме. Сега засега  го анализираме пазарот, можам да кажам дека нема некое големо девијантно однесување на пазарот но ќе видиме, не би се согласил дека доматите се 120 денари, можеби беа пред три четири недели.  Го следиме процесот и се бориме, нема инстант резултати, но дека е подобро е подобро, рече Мицкоски.

Тој информира дека се работи и на најавената апликација за споредба на цени во маркетите.

– Треба софтверско решение. Згрешивме во уредбата што им оставивме на маркетите со ворд документ конвертиран во пдф да залепат илјадници артикли на веб страна и да речат еве ние го исполнивме  тоа што се бара со уредбата на Владата. И тоа е трик, не знам зошто имаат потреба да се служат со трикови, не сме ние глупави. Нашата цел беше да биде добро и за нив и за граѓаните, наведе премиерот, посочувајќи дека поради тоа ќе се направи софтвер кој ќе биде бесплатен.

Премиерот се осврна и на мерките во земјоделството, соопштувајќи дека се исплатени над девет милијарди денари заостанати и тековни субвенции за земјоделците и оти се стимулирани повисоки откупни цен

Според него, за разлика од минатото кога владата се договарала со откупувачите и им дозволувала монопол, оваа Влада не се договара со откупувачите и како што реле, ги притиска да им дадат повисоки цени на земјоделците.

-Ако забележите една работа којашто е многу важна ќе видите дека импутот е 5 пати помал од аутпутот и тоа го објавува Завод за статистика, јас ги следам тие параметри бидејќи ми се многу важни да знаеме што правиме. Тоа е важно бидејќи во аутпутот порано, ќе се договорат со откупувачите, нема да ги притискаат откупувачите, откупувачите ќе си направат своевиден монопол и ќе им понудат на земјоделците, таа е цената, ако сакаш, ако не нека ти скапува на нивата. Е ние сега обратно правиме. Ние не се договараме со откупувачите и ги притискаме за повисока цена да им дадат на земјоделците. Затоа ми се битни импутот и аутпутот. Импутот се трошоците коишто учествуваат во производниот систем на земјоделецот, а аутпутот е цената по којашто тие го продаваат производот. Според последните параметри импутот беше зголемен некаде за 2 процента, а аутпутот за 11 проценти што е повеќе од 5 пати, рече Мицкоски.