Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Го намаливме државниот долг и раздолживме еврообврзница од половина милијарда евра од претходната власт

Македонија не е ништо задолжена, туку напротив, ако ги гледате податоците долгот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не е ништо задолжена, туку напротив, ако ги гледате податоците долгот е намален, рече премиерот Мицкоски коментирајќи ги обвинувањата дека со последниот договор со Обединетото Кралство долгот на државата е зголемен.

Теоретски утре да почнеме да градиме, првата фактура ќе пристигне во 2027. Колку бргу ќе градиме, колку ефикасно ќе градиме, така ќе расте и нашиот бруто домашен производ, затоа што во градежништвото барем 3 пати ги вртите парите. Расте градежништво, расте индустриско производство, растат услуги итн. Како ќе расте нашиот номинален БДП, така ќе доспеваат обврските и така ќе се повлекуваат средствата. Значи ние нема да ги повлечеме, да ни стојат на сметка и сега ние наеднаш ќе го кренеме долгот на државата без да го кренеме номиналниот БДП-истакна Мицкоски.

Премиерот увери дека на крајот на годината ќе има намалување на долгот, а потсети дека во изминатата година се вратени и долгови кои биле направени во минатото.

Реклама

Државата е раздолжена со неколку проценти, споредено со тоа што го затекневме. Вративме обврзница од половина милијарда евра што ја земала претходно СДСМ во 2018 година. Се е на транспарентен начин. Еве Министерството за транспорт доби барање од јавното претпријатие МЖ Транспорт и Инфраструктура да обезбеди средства за овој проект, тие се обратија до финансии, Финансии добија задолжение од Владата, ова се условите, тие ги понуди на 20-тина финансиски институции и банки, која ќе даде најдобри услови-тие услови ние ќе ги искористиме. А кој се условите, бидејќи велат 1,5 пати ќе ги враќаме тие пари? Ако се водиме по грубата математика и ако го користиме нашиот кредитен рејтинг ББ-стабилен тогаш можеби би вратиле 75% низ камати. Но што прави Обединетото Кралство? Ни вели ние за вас ќе гарантираме со нашиот кредитен рејтинг, а вие ќе ги користите средствата преку UK export finance, а нивниот рејтинг е ААА, што значи дека на меѓународниот пазар на пари нивните услови се барем 2 до 3 пати поповолни од нашите-заклучи премиерот Мицкоски.