Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција: Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.

Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на коридор 10.

Притоа вицепремиерот Николоски потенцира дека унапредување на брзината на овој коридор е особено значајно за певтин и побрз карго транспорт за Централна Европа.

Реклама

Исто така беа презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.

Вицепремиерот Николоски на средбата истакана дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополни вицепремиерот Николоски се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.

На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења.

Претходно, вицепремиеорт се сретна и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.

Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден.