Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Од Бугарија ни збор дали ќе се одржи средбата Сиљановска-Желјасков

А денеска почнува дводневниот НАТО самит во Хаг. Од Бугарија сè уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А денеска почнува дводневниот НАТО самит во Хаг. Од Бугарија сè уште нема никаков одговор дали на маргините на самитот ќе се случи средбата меѓу претседателката на државата Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Желјазков. Од Кабинетот на Сиљановска денеска известија дека на маргините ќе се сретне со некои од претседателите на државите членки на НАТО, без прецизно наведување со кого.

Средбата треба да се случи во сенка на дебатата во Хаг каде лидерите на Алијансата, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе разговараат за зголемување на трошоците на одбраната и безбедноста на членките. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно изјави дека, иако е правило да има средба со својот хомолог, не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Желјазков, со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев, не доаѓа во Хаг — во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции.