Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Перински: Поставуваме темели на вистински промени – пофункционални општини и подобри услови за живот на сите граѓани

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерката за образование и наука Весна Јаневска учествуваше на денешната панел-дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, организирана по повод една година од работата на Владата.

Министерството за локална самоуправа со години било ставено во сенка – без јасна улога и без вистинска поддршка, истакна Перински, но Владата одлучила да ја врати неговата суштинска мисија, тоа да биде мост помеѓу централната власт и општините и клучен двигател на рамномерниот регионален развој.

Во своето обраќање, министерот Перински посочи дека Министерството за локална самоуправа во изминатава една година посветено и со јасна визија пристапило кон анализа на затекнатите состојби на локално ниво, а притоа биле идентификувани сите пропусти, но и што е најважно, работеле на препознавање на потребите на граѓаните и општините. Како резултат на тоа, посочи Перински, Министерството реализираше и поддржи конкретни решенија кои директно веќе ги подобруваат условите за живот во локалните заедници од областа на транспортот, животната средина и енергетската ефикасност, до културата, спортот, образованието, туризмот и социјалната политика.

Реклама

– Овие резултати се реализирани преку програмите за рамномерен регионален развој, за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност, како и преку потпрограмата за инфраструктурни проекти во општините. Реалност станува и дигитализацијата на општинските услуги, со поставени јасни патокази за полесен пристап до услуги и зголемена отчетност на локалните власти. Посебно значајно е тоа што, по повеќе од две децении, Министерството иницираше суштински измени на Законот за локална самоуправа со цел унапредување на директната демократија и транспарентноста. Поставуваме темели на промени што ќе обезбедат подобро функционирање на системот на локалната самоуправа. Целта е јасна – пофункционални општини и позадоволни граѓани, заклучи министерот Перински.