Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Николоски од Париз: Очекувам подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција

Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи.

Во продолжение интегралана изјава на вицепремиерот Николоски:

“Од денеска сум во дводневна посета на Француската Република, тука во главниот град Париз каде ќе се случат бројни средби на кои што ќе разговараме за зголемување на политичката и економска соработка меѓу Македонија и Франција.

Реклама

Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за Европа во рамките на француската влада каде разговараме за подобрување на билатералните односи и во политичкиот и во економскиот дел, а во текот на попладнето ќе имаме средби со директорката на трезорот на Француската Република како и со директорот на Агенцијата за поддршка на Република Франција. Тука секако е и Министерството за еконсмија и финансии и средбата со 11 -те најголеми француски компании кои што ќе ги поканиме да инвестираат во Македонија, со цел во Македонија да се отвораат нови и добро платени работни места. Сметаме дека Македонија може да е атрактивна дестинацаија за француските компании и инвеститори.

Исто така ќе разговараме за инфраструктурата и развојот што го планираме и во автопатскиот дел и делот на аеродромите и во делот на железницата. Двата македонски аеродрими се оперирани од француска компанија и сме многу задоволни како се одвива соработката особено со нови летови. Би сакал да ја потсетам македонската јавност дека 11 нови летови има во Македонија со доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на утрешниот ден ќе имам средба со министерот за транспорт, со колегата од Француската Република, Филип Табаро, на која ќе разговараме за целокупната соработка меѓу двете држави. Тука е средбата со УНЕСКО каде ќе разговараме за заштитата на Охрид и Охридското езеро и средбата со пратениците во Француското Национално Собрание каде ќе зборуваме за подобрување на политичките односи.

Сметам дека оваа државна посета ќе ги донесе на едно повисоко ниво односите меѓу Македонија и Франција што е од корист за двете држани, што значат многу за нас како земја членка во НАТО и партнер на Франција во НАТО и секако нашите амбиции за членство во ЕУ и најважното а тоа е подршка на македонскиот национален идентитет, засебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик”- истакна вицепремиерот Николоски.