Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, раст на платите и стабилизирање на економијата

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, отчет за една година успешна работа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, отчет за една година успешна работа на владата.

„Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година работа во интерес на државата и граѓаните.

Една година фокус и работа во интерес на граѓаните после 7 години СДСМ и ДУИ кои го осиромашија народот и ја испразнија буџетската каса и го урнисаа стандардот на граѓаните.

Реклама

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани. Продолжува трендот на раст на платите. Платите и пензиите растат, економијата се стабилизираше, инфлацијата се намали, странските инвестиции на историски највисоко ниво.

Владата ги зголеми платите на вработените во образованието, здравството, и безбедноста.

Платите во образованието се зголемија за 12 проценти. Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти.

Платите во здравството се зголемија за 15 проценти.

Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти.

Матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти од 75 на 100 денари.

Стоматолозите добија покачување на капитациониот бод од 23 проценти, од 61 на 75 денари.

Платите во секторот безбедност се покачија за 10 проценти.

Службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти. Обезбедени се 800 милиони денари од буџетот за зголемување на платите на 12.000 полицајци.

Пензиите се покачија за 5000 денари, 2500 денари во 2024 и плус 2500 денари во 2025 година. Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.“