Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Од Бугарија ни збор дали ќе се одржи средбата Сиљановска–Жељазков

Утре во Хаг започнува дводневниот НАТО самит, а сè уште нема официјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре во Хаг започнува дводневниот НАТО самит, а сè уште нема официјална потврда од Бугарија дали на маргините на настанот ќе се одржи средба меѓу претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и бугарскиот премиер Росен Жељазков.

Средбата, доколку се случи, би се одвивала во сенка на дебатите во Хаг, каде што лидерите на земјите-членки, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана и зајакнување на безбедноста на Алијансата.

Претседателката Сиљановска-Давкова веќе изјави дека иако е правило да се сретне со својот хомолог, не гледа проблем да разговара и со бугарскиот премиер, особено откако е потврдено дека бугарскиот претседател Румен Радев нема да присуствува на самитот.

Реклама

„Важно е да се искористи секоја можност за разговор, особено кога станува збор за теми поврзани со нашите евроинтеграции“, изјави Сиљановска.

Средбата би можела да биде важен чекор кон деблокирање на бугарското вето и напредок во европската агенда на Македонија.