Реклама
Македонија

Утре во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, се очекува зголемување на буџетот за одбрана

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на земјите-членки на Алијансата од сегашните два проценти на пет проценти од БДП.

Зголемувањето би вклучувало зголемување од 3,5 проценти за одбраната и дополнителни 1,5 проценти за одржување на инфраструктурата поврзана со одбраната, како што се подобрувања на патиштата, мостовите, пристаништата и аеродромите, како и подготовка на цивилното население за соочување со идните конфликти, објави АП.

Македонската делегација ја предводи претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Реклама

На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.