Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Трпевски: Кандидатот на Филипче за градоначалник на Гази Баба е доказ дека сè уште не се реформирани, тој е само верна сенка на претходникот од СДСM

Со изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДСM, тие уште еднаш покажаа дека воопшто не се реформирана партија, рече на денешната прес-конференција Виктор Трпевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо свежи, кредибилни и професионални кадри, СДСM продолжува да нуди стари, потрошени личности кои одамна се синоним за криминал, корупција, лажни ветувања и, пред сè, неработење. СДСM сака да ја врати Гази Баба назад — во мрачното време на Борис Георгиевски, градоначалник кој ќе остане запаметен само по неспособноста и сервилноста кон урбаната мафија. Влатко Митовски не е ново лице – тој е само верна сенка на Георгиевски, човек кој беше дел од сите погрешни политики што ѝ наштетија на општината. Се сеќаваме на времето кога наместо да се работи за граѓаните, се водеше постапка за отворање на нов хемиски отпад. Време кога корупцијата беше секојдневие, а интересите на граѓаните беа последни на листата. СДСM ги потценува граѓаните на Гази Баба ако мисли дека тие ќе прифатат враќање кон минатото. Но народот не заборава! Како што Венко Филипче остана верна сенка на Зоран Заев, така и Влатко Митовски останува верна сенка на најнеуспешниот градоначалник во историјата на нашата општина. Денес, Гази Баба е вистинско градилиште. Се реализираат проекти во секое населено место – се градат улици, нови детски градинки, училишта, спортски терени, канализациски системи, домови на културата. Развојот е видлив, а граѓаните знаат да препознаат вистинска работа. Граѓаните нема да дозволат развојот на Гази Баба да запре! Ќе продолжиме по патот на резултатите, истакна Трпевски.

На СДСM му е потребна вистинска реформа, а сè додека тоа не се случи, ќе продолжи да губи на избори – затоа што народот заслужува повеќе, а не враќање во минатото. Гази Баба оди напред. Граѓаните избираат работа, а не враќање во минатото, додава Трпевски.