Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè, рече на прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела. Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи. Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал. Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може лесно да каже по чија наредба делувал. Планот на Заев пропадна, Филипче не успеа да ја зоврие состојбата во Кочани до ниво на ескалација. Тоа што Заев и Филипче, не се откажуваат од тепачот Акиов, е јасен знак дека обидите за ескалација во иднина ќе продолжат, истакна Мицевски.

Ги повикуваме сите граѓани и општествено политички чинители, да не наседнуваат на пропаднатите обиди на Заев и Филипче да се спасат политички преку сеење омраза и страв кај народот во Кочани. Обидите им се јалови, додава Мицевски.