Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата

– Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од околу четири проценти. Основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување, ова го истакна гувернерот Трајко Славески.

Гувернерот посочи дека главен носител на растот се инвестициите, потпомогнато од најавениот јавен инфраструктурен циклус, но и од приливот на странски инвестиции и солидната кредитна поддршка на корпоративниот сектор од страна на банките.

– Минатата година, странските директни инвестиции достигнаа исклучително високо ниво од околу седум проценти од БДП, што сигурно ќе ѝ даде позитивен поттик на вкупната економија. Исто така, и на кредитниот пазар е видлива зголемената кредитна поддршка на компаниите. Она што можеме да го видиме преку податоците е постојаното зголемување и на расположливиот доход на населението и на кредитното финансирање на потрошувачката на домаќинствата. Оттаму, и оваа компонента на побарувачката ќе има позитивен придонес во растот. Во околности на нешто помалку поволно надворешно опкружување, годинава се очекува извозниот сектор да има скромна стапка на раст и постепено да закрепнува во следниот период, посочи Славески, напоменувајќи дека постојат и позитивни нагорни ризици, со тоа што дел од најавените инфраструктурни инвестиции не се вградени во целост во проекциите. На среден рок, пак, се очекува позитивно влијание од членството во НАТО и од членството во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), како и од новиот План на ЕУ за раст на Западен Балкан.

Реклама

Во однос на инфлацијата, Славески посочи дека нагорната ревизија на проектираната стапка на инфлација е умерена и е направена само за оваа година.

– Оваа корекција ја одразува нешто посилната динамика на ценовниот раст од почетокот на годината, пред сѐ кај цените на прехранбените производи, но и нагорните ревизии за движењето на дел од увозните цени на светските берзи во следниот период. На среден рок проекцијата не претрпе промени, односно и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од два процента. Со ваквата проектирана патека кај домашната инфлација, се очекува распонот во однос на инфлацијата во еврозоната, кој веќе е значително намален во однос на оној во 2022 година, да продолжи да се стеснува, посочи гувернерот, потенцирајќи дека Народната банка ќе продолжи да делува во насока на остварување на ценовната стабилност, во координација со фискалната политика.