Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Трајановски: Владата интензивно гради, а доказ за тоа се делата и проектите

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски кој дискутираше за патната инфраструктура во Македонија, и ангажманот од страна на Владата за изградба на патишта и автопати.

Трајановски на самиот почеток истакна дека со неговото назначување како директор и со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори и интензивно се работи автопатот Охрид-Кичево да биде пуштен во употреба до крајот на 2026 година.

„Со моето назначување на директор и со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори за да тој пат биде што побрзо пуштен се надеваме дека крајот на 2026 година тој пат ќе го пуштиме во употреба. Во изминатите шест месеци интензивно работиме на придвижување на работите на овој патен правец“, рече Трајановски.

Реклама

Трајановски рече дека во изминатите години немало доволно координација меѓу надзорот и изведувачот, но со присуството на директорот и јавното претпријатие на терен резултатите се веќе очигледни.

„Ние, доста сме ангажирани како јавно претпријатие со оглед на тоа што немало координација и доволно присуство од јавното претпријатие според мое мислење и според мислењето на луѓето коишто работат со мене, немало доволна координација меѓу надзорот и изведувачот. Мислам дека со нашето присуство и со мое лично, скоро секоја недела сум таму на состаноци сето тоа го дотеравме во ред, и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите за Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта“, објасни Трајановски.

Трајановски исто така потенцираше дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена а како доказ за тоа се делата и проектите.

„За во рок од шест месеци оваа Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, на чело со министерот за транспорт и врски успеавме да завршиме и да ги пуштиме во употреба два патни правци којшто се многу значајни. Јас можам да кажам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ на Власт, во тој случај се гледа дека нешто се гради во Македонија и оставаме трага позади себе на готови проекти. Значи затоа сме ние дојдени на Власт и затоа сме на Власт, за да на граѓаните коишто ни ја дале довербата да ја оправдаме таа доверба ама да ја оправдаме со дела, со проекти не со зборување. И тоа мислам дека веќе го правиме затоа што не се случило за првите шест месеци да некој пушти два патни правци коишто се многу значајни“, дециден е Трајановски.