Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Филипче и Заев и по неколку дена молчат и не бараат оставка од Акиов

„Поминаа пет дена од тепачката во Советот на Општина Кочани, каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Поминаа пет дена од тепачката во Советот на Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДСM, повреди вработена.

Освен бледото партиско соопштение дека СДСM го осудува чинот на насилство, не видовме ништо конкретно.

Никаде го нема Венко Филипче збор да каже за овој насилен инцидент, да го осуди настанот и јавно да се дистанцира од неговиот советник, Аки Акиов.

Реклама

Филипче молчи и го нема ниту да го повика Акиов, да си поднесе оставка од советничкото место.

Дали молкот на Венко Филипче значи дека се плаши дека неговиот советник тепач Акиов, ќе прозбори за нивната врска и ќе ја каже вистината по чии насоки го направил инцидентот?

Акиов е алатка во планот за дестабилизација на ситуацијата во Кочани, направен од Зоран Заев и Филипче, кој преку тензии, насилство и говор на омраза требаше да ја зоврие, и така тензичната, ситуација.

Целта на ваквото темно сценарио е преку тензии, да се спаси Филипче како од тешкиот изборен пораз којшто му претстои, така и од процесуирањето за криминалните и корупциски скандали и афери.

А за ова, очигледно добиле и закана дека се ќе биде обелоденето, па СДСM и Филипе продолжија за се да зборуваат освен да повикаат на одговорност и, како акт на морален чин, да го повикаат тепачот Акиов да поднесе оставка.

Жално е да се гледа во каква безнадежна состојба се доведени СДСM, за своја лична корист и за ситни политички поени, да изнајмува тепачи за дестабилизација на државата и ширење на говор на омраза.

Но, добро е што граѓаните ги прочитаа и не потпаѓаат на такви ниски провокации од СДСM и за тоа остро ќе ги казнат на избори.“

Изјава од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со тепачката во советот на општина Кочани.