Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Над 9 милијарди денари за земјоделците

Владата на Македонија во денешното соопштение, како дел од отчетот по едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Македонија во денешното соопштение, како дел од отчетот по едно година од основање на оваа влада, даде осврт на субвенциите и помошта за земјоделците

„За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.

Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците.

Реклама

Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени.

Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство.

Македонија се трансформира. Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците.

Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци.

Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија.

Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија!“