Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ.

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност.

Изразувајќи целосна почит кон соработката во минатото, од партијата велат дека напуштањето на коалицијата со СДСМ претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ.

Реклама

„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока“, велат од Демократска обнова на Македонија, изразувајќи подготвеност за нова и самостојна насока.

Во насока на оваа е и одлуката на ДОМ за настап на локалните избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Велат дека ваквиот политички избор е желба на членовите на партијата да градат нова култура на локална политика – автентична, вредносно доследна и поврзана со потребите на локалните заедници.

„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, велат од партијата.

На седницата на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена донесена е и одлука со која партијата се отвора за, како што се наведува во партиското соопштение, вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина.

„’Тивките’ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество – ги избришаа независните кандидати од изборната игра. И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на ‘Коалиција за зелена иднина’, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните. Оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата. Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници. ДОМ упатува отворен повик до сите активисти од граѓанскиот сектор, до младите и студентите и до сите граѓани кои се залагаат за еколошко, праведно, одржливо и европско општество – да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија“, додаваат од партијата.

Со ваквите одлуки, нагласуваат оттаму, се проширува политичкиот спектар за сите кои со години се бореле, но не биле слушнати, за сите кои сè уште веруваат дека политиката може да биде доследна, вредносна и етичка.