Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека Агенцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството работат под строги правила кои мора да се почитуваат.

„Во делот на претходните истраги немам информација дали има епилог. Сигурно, кога ќе има, јавноста ќе биде информирана. Она што можам да го потенцирам во ова интервју е дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат под строги правила кои мора да се почитуваат”, истакна министерот.

„Министерството и Агенцијата работат на нулта толеранција во делот на злоупотреба на средства. Транспарентно се води целиот процес”, појасни министерот.

Реклама

Тој ги повика сите граѓани кои имаат сознанија за можни пропусти да алармираат, по што веднаш ќе се преземат соодветни мерки.

„Самата Агенција и ревизорското тело редовно прават контроли во однос на исплатите по ИПАРД апликациите, со цел елиминирање на било каква злоупотреба”, додаде министерот Трипуновски.

Според него, нема да се толерира злоупотреба на средства, а правилата за распределба на средства ќе се почитуваат максимално.