Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот на СДСМ и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

За Мерко само парична казна за незаконско поставување директори во неколку училишта, осуден е само на парична казна од 100 дневни глоби од по 100 евра или вкупно 10 000 евра.

Ова доаѓа откако минатата недела истиот судија Мерко го прогласи за невин за набавката на луксузното ауди А6 од 67 000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114 000 евра.

Реклама

Функционерите на СДСМ и ДУИ прекршувале законски прописи, ги урнисаа институциите но и покрај тоа влакно не им фали, и додека расипнички се однесувале кон државата и институциите енормно се обогатија врз грбот на граѓаните.

САД го ставија Рамиз Мерко на американската црна листа поради значајна корупција но и тоа не им е доволно на судиите и обвинителите клиентелисти на Заев и Ахмети.

Олицетворение на правосудниот колапс е Рамиз Мерко, чии судски предмети чудесно застаруваа или беа сторнирани. Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица.

Легитимно се поставува прашањето дали постојат институции да го спречат Мерко?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.