Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Александар Ѓорчевски побара Палевски да му одговори: „Зошто ми е убиена Вањичка“?

Од почетокот на самото судење имаше воведни зборови и убаво се сеќавам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од почетокот на самото судење имаше воведни зборови и убаво се сеќавам дека станав и изразив очекување дека се ќе дознаам“ вака го започна завршниот збор обвинетиот Александар Ѓорчевски – таткото на Вања.

  • „Во текот на судскиот процес цело време во просторијава, меѓутоа внимателно го слушам секој збор. Сега како се сведе , се приближи кон крај процесот, имам чувство на непотполност во поглед на вистината која што очекував да ја дознаам. Еден од обвинетите го посочи Палевкси како човек кој ги имал одговорите на сите прашања. Токму поради тоа и само од тие причини му се обраќам на Палевски после мене уште тој останува со завршен збор, нека стане, нека се поклони и не во саат и 20 минути, во две минути, нека ја каже вистината. Зошто ми е убиена Вањичка?- рече Ѓорчевски.

Претходно, завршен збор даде и обвинетиот Влатко Кешишев.

  • „Морам да кажам дека многу се каам и имам грижа на совест за што вооптшо бев со нив бидејќи се разговараа, испланираа и завршија сами се. На мене ми кажано да ќутам, да не се машам и да седам настрана. Кога стигнавме во Велес тоа утро со Палчо јас останав во кангуто а тој тргна према ќуката на Панче, Таму чекав саат -саатипол да дојдат да се вратат, а се вратија со цитроенот и по кратко време тргнавме кон Рудник. Јас возев цело време а до мене седеше Вељо. Цитроенот го возеше Палчо до него седеше Боре. Кога стигнавме на пукнтот, кај Рудник,јас останав да седам во кангуото, а тие продолжија со цитронот до јамата.. рече Влатко Кешишев кој ги повтори сите случување за грабнувањето на Панче Жежовски“ рече Кешишев.

За грабнувањето имав слушнато, но немав слушнато за никакво убиство рече Кешишев и дополни дека чул истрел додека чекал кај Рудник.

Реклама
  • „Ми беше кажано да седам настрана, и вториот пат кога се случи тоа бев во возилото. Боре и Вељо влегоа во зградата, а мене ми беше кажано да ја препаркирам кола пред влезот, да го отворам гепекот и да седнам на совозачко седиште. Цело време се мислав да се настранам.. Кога ми рече да ја нашишам и дадам таа изјава на вас тогаш ми беше јасно дека јас треба да бидам негова „допуна“. Тогаш во комбето ми даде да ја напишам таа изјава ми рече да не се плашам, бидејќи тој ме носи на душа а не јас него“ рече Кешишев.

Повтори дека лопатите и копачот Палевски ги купил на Бит Пазар Палчо.

  • „Многу се каам што го слушав Палчо, без да размилував, премногу му верував, не му кажував како се чувствувам и му бев послушен. Без да знам дека има наредба за убиство. Слушав бидејќи 24 часа, слушав дека се работи за грабнување и изнуда, а не за трагични работи како што се случи. За пиштолот не знаев а и не знам каде е. Свесен сум дека згрешив многу се каам, бидејќи премногу му верував и го слушав Палчо. Што ќе наредеше тоа правев. Многу се каам имам грижа на совеста, ќе кажам пак“ рече Кешишев.

Обвинетиот Боре Видевски рече пред судот дека нема да даде завршен збор.

  • „Нема да давам завршен збор, нема да кажам ништо се согласувам со тоа што го кажа мојот бранител“ рече Видевски.