Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија

На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, соопшти Владата.

Во соопштението се наведува дека неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа.

„Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници. Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија, потенцираат од прес службата на Влада.

Реклама

Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем. Се обврзавме пред граѓаните, реализираме и исполнуваме. Државата е на патот на промените, додават од Влада.