Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

🎥 Ребалансот на буџетот го помина владиниот филтер: Повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, субвенции, здравство

Повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, субвенции, здравство. Владата на седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, субвенции, здравство. Владата на седница го донесе ребалансот на буџетот на годинава. За минимален 1% се зголемуваат приходите и расходите на државната каса. Вкупните расходи ќе изнесуваат 6,56 милијарди евра, а вкупните приходи 5,92 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе остане на истото ниво од 4% од БДП или 672 милиони евра. Владата очекува да собере речиси 57 милиони евра повеќе од неданочни приходи, административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите. Од друга страна, капиталните инвестиции се зголемуваат за 4,8 милиони евра и ќе изнесуваат 772 милиони.евра. Најголемо кратење има кај Владата, а повеќе пари ќе добие Министерството за одбрана кај кое има добра реализација на капиталните расходи.

Се зголемуваат и парите за исплата на плати на администрацијата. Овој пораст најмногу се должи на повисоките плати за 10% во Министеството за внатрешни работи. Исто така, предвидени се и повеќе пари за пензионерите. Трансферите од централниот буџет до Пензискиот фонд ќе достигнат 813 милиони евра. Во септември ќе има ново покачување на пензиите, но се уште не се знае колкаво ќе биде тоа.

Ребалансот на државната каса е направен врз основа на проекции за зголемена инфлација од првичните 2,2% на 2,8%. Министерката за финансии вели дека таа, Министерството за економија, Пазарниот инспекторат и општо Владата секојдневно и континуирано ја следат состојбата како на цените низ маркетите, така и врз поскапувањето на нафтата и другите берзански цени. Доколку дојде до промени, ќе има и соодветни мерки.

Реклама

Владата останува на истата проекција з аекономски раст од 3,7% годинава. Добрите резултати, односно порастот на БДП од 3% во првите три месеци е сигнал, според министерката дека проекциите се реални. Притоа, јавниот долг не треба да надмине 62% од БДП, а може да биде и помал, дколку не се искористат целосно парите за капиталните проекти.