Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави:

„Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1500 деца, мислам дека 1461 точно, е капацитетот.

И уште 11 се нови објекти коишто се градат за негде околу 1100 дечиња. Кога сето ова ќе се затвори, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни.“