Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Василеска: Реафирмација на поддршката за Украина

Претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска, оствари средба со украинската амбасадорка Лариса Дир, на која беа разменети мислења за најновиот развојот на ситуацијата во однос на руската агресија и геополитичките поместувања кои се рефлектираат и на конфликтот.

Василеска ја повтори поддршката во однос на терторијалниот интегритет на Украина, по што се разговараше и за можностите за нејзина институционална реафирмација, во контекст на последните воздушни напади врз Украина, наспроти напорите за постигнување прекин на огнот.

Амбасадорката Дир, и во оваа прилика, изрази искрена благодарност за поддршката што Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресија. Таа се заблагодари и за учеството на нашата земја на неодамнешниот Самит Украина – Југоисточна Европа во Одеса, како и за формирањето на Меѓупартиската парламентарна група во Собранието на Македонија за поддршка на меѓународната Кримска платформа. Сите овие чекори и активности, како што беше речено, се од исклучително значење за украинскиот народ, кој ја брани својата независност.

Реклама

Соговорничките Василевска и Дир разговараа и за евроинтеграциските процеси, во контекст на
потребата од забрзување на проширувањето – во светло на геополитичките промени.