Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Бјере во Скопје: Најголем прогрес во евроинтеграциите има Украина

„Билатералните прашања треба да бидат адресирани меѓу членките, меѓу соседите билатерално, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Билатералните прашања треба да бидат адресирани меѓу членките, меѓу соседите билатерално, но да не контаминираат процесот на пристапување во ЕУ.“, потенцира министерот Орхан Муртезани на средбата во Скопје со данската министерка Мари Бјере.

Според министерката Бјере, пак, засега најголем прогрес кон зачленување во Унијата имаат Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора.

„Ве молам искористете го моментумот“, истакна Мари Бјере, министерката за европски прашања на Данска за која Украина има најголем прогрес кон ЕУ, чија земја од први јули го презема претседавањето со Европската Унија. Таа од Скопје потенцира дека на Данска клучен приоритет ќе и биде проширувањето поради руската агресија и како што додаде, новите ветрови од Вашингтон. Сепак, кажа и дека Македонија има свои обврски, какви што биле уставните измени, акт кој го нема никаде во Копенхагеншките критериуми, настрана прифатен од една некредибилна влада на заминување во Македонија.

Реклама

Бјере не ги спомна обврските на Бугарија за 16-те пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за Македонците, ниту кажа дека ЕУ дава некакви гаранции дека ова ќе биде последната блокада/аздис од Грција и Бугарија, кои сега играат заедно на европската сцена и лобираат за искривување ан извештајот кој ЕП треба да го презентира на 24-ти јуни…

–Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите. Во време кога процесот е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, токму овие критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Веруваме дека под лидерството на една кредибилна земја-членка, како што е Данска, ЕУ ќе може појасно да го артикулира својот ангажман кон регионот и да покаже дека процесот е не само жив, туку и остварлив.

Нашата земја, и покрај сите предизвици, останува посветена на тој пат. Планот за раст на Европската Унија го пречекавме како можност за нова етапа на интеграција, која веќе носи конкретни реформи и резултати. Фактот што Македонија наскоро ќе биде земја-домаќин на Самитот на лидерите од Западен Балкан претставува признание за нашата активна улога во обликувањето на европската агенда во регионот, изјави на прес-конференцијата со колешката Бјере министерот Муртезани.