Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, како и за џипот од 130 илјади евра, ЈО да покрене постапка за Филипче

Зачудува заштитничкиот однос на Јавното обвинителство кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зачудува заштитничкиот однос на Јавното обвинителство кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Како да постои само да го заштити Филипче, да не биде гонет за разните корупциски скандали и криминални афери од кои дебело профитиралм соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче добил луксузен џип, вреден 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време кога СДС беше на власт, а обвинителството молчи и не отвора случај.

Посебно симптоматичен е молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДСМ, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

Реклама

Која е разликата меѓу Мирчевски кој е процесуиран од обвинителството и за случајот од судот му бил определен 30 дневен притвор, и Филипче за кого обвинителството се прави и глуво и слепо за ист таков случај.

Или пак привилегијата на Венко Филипче е што е претседател на СДСМ, а Мирчевски обичен директор од СДСМ, кој треба да оди курбан, што кај нив е нормална работа, за Филипче да се спаси од прогон.

Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, Јавното обвинителство да покрене постапка за претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, потенцираат од партијата.

-Ако обвинителството не го процесуира и не го истражи случајот за луксузниот џип на Филипче, ќе потврди дека е во служба на негова одбрана и заштита и дека работи под диктат на СДСМ.

Но едно е сигурно, ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој главен учесник и во криминалните афери како Онкологија и модуларната и дека е заштитен. А, тоа ќе биде мотив уште повеќе да го казни на избори, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.