Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Алиев: Заедничка е заложбата за силно партнерство, особено во делот на енергетиката

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка.

Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година, претседателот Гаши ја оствари на покана на претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова, а Делегацијата ја сочинуваат пратеникот Петар Марков, кој е и претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Азербејџан; пратеничката Имрлије Салиу Фетаи, членка на групата; како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Ова е прва официјална билатерална посета на претседател на Собранието на Македонија на Република Азербејџан, што е показател за заедничкиот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на партнерски однос меѓу двете држави.

Реклама

На состанокот со претседателот Алиев, претседателот Гаши истакна дека ние како држава, особено во овој мандат, сме посветени на проширување на хоризонтите и на јакнење на партнерства со држави со кои, независно од тоа што не припаѓаме на ист регион, имаме заеднички интерес за соработка и градење мостови на пријателство.

Тој додаде дека ние не отстапуваме од нашиот евроинтегративен пат, и покрај предизвиците со кои се соочуваме, но сме цврсто решени да ги прошириме нашите партнерства со држави како што е Азербејџан, со која немаме отворени прашања, а имаме заеднички интерес за соработка.

Претседателот Гаши нагласи дека имаме заедничка заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас, имајќи ги предвид ресурсите на Азербејџан и за нивната присутност на Балканот и во дел од земјите на Европската Унија.

Претседателот Алиев истакна дека Република Азербејџан веќе работи на можностите да се обезбеди долгорочна соработка меѓу двете држави во делот на снабдувањето со гас, при што истакна дека покрај соработката во енергетскиот сектор, треба да се размислува и за зголемување на трговската размена и соработка во делот на транспортот.

Двајцата соговорници оценија дека двете земји, покрај на соработката во областа на транспортот, трговијата и економијата, можат да се фокусираат и на соработка во културата и туризмот, бидејќи и двете држави имаат што да понудат, а тоа може да придонесе во зближување на народите.