Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Управен не одлучуваше по тужбата на судијата Димовски, одбраната ќе се жали и најавува кривична

Ниту прифатена, ниту одбиена – управните судии воопшто не ни одлучуваа по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту прифатена, ниту одбиена – управните судии воопшто не ни одлучуваа по тужбата на судијата Андреј Димовски против Судскиот совет поради оценувањето за унапредување во повисок суд.

  • Говори управен судија АНЕТА ЏИГЕРОВА: „Тужбата на тужителот Андреј Димовски од Скопје, на тужениот орган Судски совет и предлогот за определување времена мерка се отфрлаат“.

Поради кои причини го сторија тоа ќе се знае откако Управниот суд ќе ja објави пресудата писмено. Одбраната најави жалби до Вишиот Управен, бидејќи според нив Судскиот Совет не изнел никакви нови докази во однос на тврдењата на судијата  дека не бил праведно оценет односно не му биле доделни соодветни поени за сите услови кои ги исполнува за да добие унапредување во Апелација.

Иако претходно имало одлука од Управниот и Врховниот суд, во полза на Димовски, Судскиот совет сепак не ги испочитувал во оценувањето и носењето одлука. Освен што не ги испочитувале, тие продолжиле со избoрот на судии во повисокиот суд.

Реклама
  • „Очигледно Управниот суд одлучи да одбере улога на навивач на тужениот орган, со што и порантаму се поткопува довербата на граѓаните во правосудните органи. Но истовремено, наместо да се следи образложението на претходно донесената пресуда и укажувањата кои беа дадени од Врховниот суд, сега имаме дијаметрално спротивна одлкука на судот, што значи дека ваквото решение е озаконување на неправда, ваквото решение е покопување на правниот и уставниот поредок на државата “ рече БИЛЈАНА ЈАНДРИОСКА – Адвокат на Димовски.

Адвокатот на Димовски, вели дека правдата ќе ја бараат и до судот во Стразбур, а не ја исклучува можноста да бараат и кривична одговорност бидејќи според нив, Судскиот совет не ја испочиувал претходната правосилна пресуда.

  • „Претходно, беа укажани некои околности кои упатуваат на непочитување на правосилна судска одлука, а тоа дејство, непочитување на правосилна судска одлука и непостапување по истата е е криминално дејствие, криминогено битие кое е определено во одреден член од КЗ, така по поднесено барање тоа ќе биде работа на надлежното јавно обвинителство “ рече БИЛЈАНА ЈАНДРИОСКА – Адвокат на Димовски.

Судијата Димовски бара Судски да му направи ново оценување и бодување. Доколку се прифати неговото барање, највисокото судско тело ќе треба повторно да изврши оценување на овој судија што може да влијае на сегашниот избор во Апелација, каде беа унапредени шест судии од граѓанска област.

https://youtu.be/SkrOCiKDX0s