Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Како по примерот на Пеце Мирчевски, ЈО да отвори постапка против Филипче за луксузното ауди Q8 вредно 130 илјади евра

„Инсталациите на СДСМ во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Инсталациите на СДСМ во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани.

По низата заштита и изземање од разни криминални и корупциски скандали како случајот Онкологија и модуларната во Тетово, повторно, ликот кој се штити од прогон, е токму сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.

Имено, станува збор за луксузно ауди Q8 во вредност од 130 илјади евра кое го користи Филипче, а кое е земено на лизинг од фирма која за време на владеење на СДС добиваше тендери за снабдување на ЕСМ со јаглен.

Реклама

Фирмата Зобек мининг груп е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко Филипче.

Тоа го потврдува и газдата на фирмата, Енис Колашинац кој вели дека неговата фирма го земала на лизинг аудито Q8 и дека го зеле токму за Венко Филипче, посочувајќи дека сега возилото се наоѓа во владение на претседателот на опозициската СДСМ.

Бизнисменот Колашинац е многу близок со Филипче и Заев. Тоа е човекот, кој заедно со браќата Заеви и Венко Филипче, се журкаше на приватната забава со Харис Џиновиќ во луксузен хотел во Дубаи.

Иако имаме јавно признание на бизнисменот кој вели дека аудито на лизинг го зел за Венко Филипче и дека сега тоа е во негова сопственост, обвинителството молчи.

А, за ист таков случај Јавното обвинителство веќе има отворено постапка против поранешниот директор на СОЗР од редовите на СДСМ, Пеце Мирчевски, додека пак од судот му беше определен притвор.

Зошто Венко Филипче е заштитен и привилегиран?

Го повикуваме ЈО да почне да работи и против Филипче да отвори истражна постапка.“

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.