Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

МФ ќе испрати писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10. Како што изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, крајниот рок до кога банките би ги поднесувале понудите се уште не е дефиниран.

На новинарска констатација дека се уште нема проект за брзата пруга врз основа на кој би се барале пари, Димитриоска Кочоска напомена дека таа можеби има „некакви информации“. Притоа, ги упати медиумите детали за тоа дали има проект или не, да прашаат во Министерството за транспорт.

-Во каква форма и што значи да се има проект е нешто што мислам дека треба да го прашате Министерството за транспорт. Вие велите немаме проект, но јас имам некакви информации. Ве молам прашајте во Министерството за транспорт, јас не сум министерот што го прави проектот. На Влада сум добила информации, ме задолжиле, сме ги кажале своите видувања по однос на Информацијата што сме ја добиле и не задолжиле да си продолжиме постапка во прибирање податоци. Имаше премногу шпекулации периодов и мислам дека треба од Министерството точно да ви одговорат да или не – какви податоци има, зашто штом Информација дошла на Влада, значи внатре ставиле податоци, подвлече Димитриоска Кочоска.