Реклама

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Умре мајмунка од редок вид во Зоо, се бара одговорност

Женка од загрозениот вид сијаманг почина неодамна во Скопската Зоолошка градина. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Женка од загрозениот вид сијаманг почина неодамна во Скопската Зоолошка градина. Од ЗОО потврдуваат дека е извршена обдукција од страна на Факултетот за ветеринарна медицина, а официјални информации ќе бидат соопштени штом стигнат резултатите.

Зоолошката ги демантира шпекулациите дека мајмунката била бремена, нагласувајќи дека животните добиваат редовен ветеринарен надзор и грижа. „Не секогаш е можно да се спаси животот, и покрај сите преземени мерки“, велат од установата.

Но, случајот предизвика бурни реакции. Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, обвини за негрижа и прикривање на информации, тврдејќи дека починатата женка била бремена и тајно носена во приватни ординации. „Скопје ЗОО е претворена во куќа на стравот“, напиша Кирков, повикувајќи на новинарска истрага и одговорност од раководството и од градоначалничката Данела Арсовска, која, според него, јавно ги брани одговорните.