Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Европскиот суд на ревизори ја започна мисијата во земјава со средба со Муртезани

Министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), утрово оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), утрово оствари средба со претставниците на Европскиот суд на ревизори, Бертран Танги и Ерик Котларик, во рамки на нивната ревизорска мисија за успешноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Во фокусот на дискусиите беше координацијата во транспортниот сектор во рамки на WBIF, како и поширокиот институционален и оперативен контекст за имплементација на проектите поддржани преку овој инструмент. Министерот Муртезани го истакна значењето на WBIF како стратешки механизам кој овозможува инвестирање во клучни сектори како што се транспортот, енергијата, животната средина, здравството и образованието, но и како алатка што ќе овозможи користење на средствата што ЕУ ќе ги додели по спроведувањето на реформите во рамки на Реформска агенда 2024-2027 и Инструментот за раст и реформи.

Во разговорите беше потенцирана потребата од натамошно поедноставување на процедурите, зголемување на транспарентноста и јасноста во однос на улогите на меѓународните финансиски институции, како и зајакнување на капацитетите на НИПАК канцеларијата, особено во делот на мониторингот и координацијата. Исто така, беше посочено дека за успешно искористување на достапните средства до крајот на 2027 година, од суштинско значење ќе биде навремената подготвеност на проектите и нивното усогласување со реформските приоритети.

Реклама

Министерот Муртезани ја потврди заложбата на Владата за ефективно управување со инвестициите поддржани од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан, кој е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Тој потенцираше дека Северна Македонија останува конструктивен партнер во процесите на регионална соработка и европска интеграција, со посветеност кон создавање предвидлива и стратешка рамка за користење на фондовите од ЕУ.

Средбата со министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), Орхан Муртезани, е прва во низата состаноци што ревизорскиот тим ќе ги реализира неделава, со надлежните институции во текот на својата мисија во земјата.