Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Апсења во Кочани за „Пулс“: 13 нови осомничени меѓу кои началници и полициски службеници 

Нови апсења за пожарот во Кочани. Приведени се началници и полицајци кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови апсења за пожарот во Кочани. Приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната вечер. Според информации на Алфа, приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).

За сите уапсени биле обезбедени соодветни докази за поврзаност со трагичниот пожар во кој животот го загубија 62 лица, дознава Алфа од избори во истрагата.

„Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски сслужбеници. Соопштение ќе има во текот на утрешниот ден,” известија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Реклама

Претходно, МВР извести дека поднеле три кривични пријави за различни временски периоди.

„Првата кривична пријава се однесува во временски период од 2022 до 2024 година вкупно против седум лица, од кој пет се активни полициски службеници и двајца се пензионери. Втората кривична пријава се однесува во временски период од 2012 до 2022 година вкупно против 10 лица од кои (двајца службени лица се повторуваат) четворица се активни полициски службеници и шест се пензионери. Третата кривична пријава се однесува во временски период од 2023 до 2024 година вкупно против тројца полициски службеници од кој еден полициски службеник се повторува“, соопштија од МВР.