Македонија бележи рекорден број туристи… Во април годинава, туризмот во државава забележал значителен скок – Македонија ја посетиле вкупно 96.943 туристи, од кои 78,6 отсто биле странски, додека 21,4 отсто домашни гости.
Овие бројки претставуваат еден од највисоките априлски резултати во последниве години. Ова ја потврдува повторно зголемената атрактивност на земјава за странските патници.
Според податоците, туристите во овој месец оствариле вкупно 171.886 ноќевања, од кои 73,5 отсто биле на странските, а само 26,5 отсто на домашните посетители.

На врвот на листата со странски туристи во април се наоѓа Турција со 21.124 посетители, што претставува значителен удел во вкупниот број. Понатаму следуваат Германија со 11.097, Србија со 4.905, како и Франција со 4.881 туристи.
