Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Митева: Одморалиштето на Пониква ќе биде завршено до крајот на оваа недела

-Како Влада продолжуваме со одговорно и транспарентно информирање за состојбите коишто се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Како Влада продолжуваме со одговорно и транспарентно информирање за состојбите коишто се преземени и активности од страна на институциите, а коишто се однесуваат на грижата на сите погодени во трагедијата во Кочани, соопшти Марија Митева, портпарол на Владата на Македонија на денешната прес-конференција со доктор Катерина Мирчовска, директор на болницата во Кочани и доктор Гордана Герогиева.

-Во однос на Пониква која ќе биде рехабилитациски центар, сакам да ја информирам јавноста дека технички одморалиштето ќе биде завршено со оние минимални корекции до крајот на оваа недела, а оперативниот план е веќе во завршна фаза и засега е заземен став дека ќе се прави рехабилитацијата во групи и истата ќе трае по две недели, за ова повеќе ќе зборува доктор Катерина.

Институциите се тука, отворени и со јасна цел: да изградиме вистинска слика, заснована на факти. Телефонската линија која ја активиравме е само еден од начините на комуникација – покрај директниот контакт со повредените, коишто го имаат и во болницата, со работната група, но и со Министерството за здравство. Овие чекори за нас, не се само административна постапка. Ова е наша обврска, додаде во изјавата.

Реклама

Да го вратиме достоинството на секој човек, без политика, без сензационализам, со вистина и со грижа, потенцира Митева.