Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Петрушевски: Филипче добил поклон ауди Q8 од фирма тендераш, до кога ЈО ќе молчи, има ли некој во СДСМ став?

Филипче добил поклон ауди Q8 од фирма тендераш, до кога ЈО ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче добил поклон ауди Q8 од фирма тендераш, до кога ЈО ќе молчи, има ли некој во СДСМ став или ставот е да се молчи, па ќе помине? Венко Филипче добил луксузно ауди Q8 од 130.000 евра од фирмата Зобек мининг, тендераш и испорачувач на јаглен на ЕСМ, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кој е мотивот некоја фирма добитник на тендер за испорака на јаглен да му купи луксузен џип на Венко Филипче, тогаш носител на листа за пратеници во изборната единица 4? Дали само ЈО не гледа ништо спорно? Доволно е ЈО да почне со истражување на мотивот, зошто Венко Филипче го частеле луксузен џип? Дополнително сè се заплеткува, што 9 милиони евра од истата фирма која го купила џипот на Филипче завршиле на сметка на фирма на Заев во Петрич, која дели канцеларија со фирмата на Венко Филипче. Како е можно ЈО да молчи за луксузниот џип на Филипче и за 9 милиони евра префрлени во Бугарија на сметка на Заеви? Венко Филипче не може да избегне да одговори на овие прашања. Народот очекува да ја слушне вистината, а ЈО мора да отвори постапка, истакна пратеникот.

„ЈО ќе си го поткопа сериозно кредибилитет ако не отвори постапка за Венко Филипче за случај кој е скица за корупција“ – рече Петрушевски.